Луѓето кои протестираа поради пристапот на Израел кон војната во Газа денес се обидоа да блокираат американски воен брод да го напушти пристаништето Оукленд, Калифорнија, тврдејќи дека носел воена опрема и оружје за Израел, објави NCB News.
„Тоа е порака на солидарност за палестинскиот народ кој се бори да преживее. Нема да се согласиме оружјето да биде испратено во Израел за да се користи против палестинскиот народ“, рече Ана Балцер, членка на групата за антиционистички активизам „Еврејски глас за мир“.
Демонстрантите ги повикаа работниците да го напуштат бродот и се држеа на страната на бродот за да го спречат да се движи. Организаторите рекоа дека тројца демонстранти кои се држеле за скалата на бродот биле приведени.
Доцна попладне, бродот, познат како „Кејп Орландо“, го напушти пристаништето Оукленд, и се упати кон Такома, Вашингтон. Демонстрантите користат #BlocktheBoat на социјалните мрежи за да ги охрабрат луѓето да се соберат во Такома во недела за да организираат сличен протест.