Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска ги повика Палестинците да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа во рок од три часа.
– Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, следете ги нашите упатства и одете на југ, се наведува во соопштението на ИДФ на арапски.
Американскиот специјален пратеник Дејвид Сатерфилд во Аман изјави дека од 800.000 до еден милион луѓе веќе го напуштиле северниот дел на Појасот Газа, а во енклавата останале помеѓу 350.000 и 400.000 Палестинци.