30-годишна Еврејка денеска била избодена со нож во нејзиниот дом во Лион, а по нападот на нејзината врата бил пронајден кукаст крст, објави BFMTV повикувајќи се на полициски извори.
Според BFMTV, некој заѕвонил на ѕвончето на вратата, а потоа ја прободел жената двапати кога ја отворила вратата.
Таа се здобила со две убодни рани во пределот на стомакот. Напаѓачот е во бегство.
„Ваков излив на насилство е неопислив. Целата моја поддршка за жртвата, нејзините најблиски“, напиша градоначалникот на Лион, Грегори Дузе, на платформата Х (Твитер).
Адвокатот на жената, Стефан Драј, за BFMTV потврди дека ќе биде поднесена тужба за „убиство во обид“. Нападнатата жена не е во животна опасност, а полицијата и зема изјава во болничката соба.