Пластичен хирург ги разоткри ѕвездите: „Овие фраери мора да користат стероиди“

Познатиот пластичен хирург за познати личности Др. Греј Мотики откри за кои познати мажи се сомнева дека земале стероиди за да ги постигнат своите фигури, пишува Дејли Меил.

Двејн Џонсон
„Прилично е очигледно дека некој како Рок зема нешто за да има толкава количина мускули на негова возраст (51)“, вели докторот, истакнувајќи дека тој претходно признал дека користел стероиди.

Крис Хемсворт
„Се сомневам дека кај него станува збор за мешавина од тестостерон, хормон за раст и веројатно некои нови пептидни прашоци. Тоа го велам поради импресивната количина на мускулна маса што ја доби за кратко време“, вели др. Мотики.

Зак Ефрон
„Мислам дека Зак Ефрон експериментираше со тестостерон. Еднаш рече дека ја оперирал брадата затоа што ја скршил, но се сомневам дека земал и тестостерон затоа што лицето му е отечено“, вели докторот.

Џејсон Момоа
Момоа претходно призна дека користел стероиди за да глуми во филмот „Аквамен“, а докторот ги изразил своите сомнежи.

Тој особено има многу маса во горниот дел од телото и се сомневам дека користел тестостерон, но се сомневам и на хормонот за раст.

    Хенри Кавил
    д-р. Мотики објаснува дека тестостеронот кај мажите природно опаѓа во нивните 40-ти и 50-ти години, па некои луѓе се чувствуваат оптоварени и не можат да вежбаат толку многу како порано, па земаат додаток на тестостерон, а тој се сомнева дека Кавил го направи истото бидејќи има 40 години.

    Актерот претходно откри дека додека го играше Супермен во 2013 година, внесувал 5.000 калории преку пилешко, риба и јајца.

    Хју Џекмен
    Кај Џекмен докторот се сомнева во употреба на тестостерон и хормон за раст поради неговата возраст (55), но и поради видливите вени на неговото тело. Сепак, актерот негираше дека користел стероиди за улогата на Вулверин.

    Вин Дизел
    „Оваа е интересна“, започна докторот за Вин Дизел.

    „Тој нема видливи вени или други несакани ефекти, но има 56 години и претпоставувам дека е на замена со ниски дози на тестостерон“.

    Во една прилика, Дизел негираше дека користел стероиди и рече дека користи само протеински прашоци.

    Треба да знаете
    Последни објави