По гласините дека Ал Пачино и Нур Алфала се разделиле, јавноста сега дознава оти познатиот глумец се согласил на неговата партнерка да ѝ плаќа 30.000 долари месечно за грижа на нивното петмесечно бебе, објави „Ти-ем-зи“ (TMZ).
Тоа, за 83-годишниот глумец, е само почеток, се чини. Првичните податоци говорат дека 54 години помладата Нур ќе добие и аванс од 110.000 долари, како дополнение на основните 30.000 секој месец. Пачино ќе плаќа и за образованието на детето, при што парите ќе одат на сметката за образование…
Се говори и за други трошоци. Западните медиуми пишуваат дека двојката е разделена, а новопечената мајка поднела документи на Суд за детето да остане кај неа. Сепак, за „Дејли мејл“, член на семејството ги отфрли тие наводи, велејќи: „Тие сѐ уште се заедно“.