Доку постави два рекорда во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Џереми Доку постави два рекорда во Премиер лигата на денешниот натпреварот со Борнмаут (6:1) во 11. коло од Премиер лигата.

Дваесет и едногодишниот Белгиец постигна гол и беше творец на четири асистенции. Тој стана најмладиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал покер асистенција и најмладиот играч кој учествувал во 5+ голови на еден натпревар.

Доку во летниот преоден рок се пресели во Манчестер сити од Рен. 

За „граѓаните“ фудбалерот одигра 12 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и шест асистенции. 

Треба да знаете
Последни објави