Иванов: Мирчевски ја злоупотреби Канал 5, треба да се извини на јавноста и подомаќински да се однесува

„Непристојно е да избркаш гостин и да упаднеш во телевизија. Утредента очекував дека ќе се најде начин со некоја блага варијанта директорот Мирчевски да се извини, обрати до јавноста, да се извини до сите учесници и гости во телевизиите“ рече новинарот Зоран Иванов во „Стадион“ на Канал 77.

Новинарот додаде дека кога се планирал прилогот требало да се испрати камера и кај Рамадани, за да ја видиме и неговата реакција.

„Уредникот Мирчевски ја злоупотреби телевизијата. Во прилогот од вестите, следниот ден, кога од нога даваше изјава се заврте кон камерите и директно се обрати до гостинот кого го избрка од студио и грубо настапи. Но, избрканиот гостин немаше камера и не можеше да возврати“ рече Иванов.

Тој рече дека нормално новинарот да се чувствува навреден кога лично му се обрати гостинот, но не требало директорот да се вклучува, туку новинарот можел и требало сам да се справи со гостинот.

Треба да знаете
Последни објави