Израел спречи неколку напади врз Израелци во различни земји во светот, среде војната со Хамас, објави денеска израелското јавно радио Кан.
Цитирајќи безбедносен извор, во извештајот се вели дека заканите против Израел и еврејските цели низ светот се зголемуваат, опишувајќи ги како „специфични и големи“, објави „Тајмс оф Израел“. Изворот додава дека некои од нападите биле спонтани, додека други биле планирани од џихадистички групи.