Стагнирањето на растот на каматните стапки покажува дека монетарната власт успеала да ја нам,али инфлацијата и да ја внесе во контролиран сегмент.
Дел од експертите сметаат дека во 2024 година се очекува и првото намалување на каматните стапки на благајничките записи.
„Стагнирањето со покачување на каматните стапки значи дека монетарните власти чувствуваат дека инфлацијата се става во некои пооптимални граници и дека досегашните мерки дале определени резултати. Тоа би требало на ист начин да се отслика и врз каматните стапки на пазарот на капитал, односно каматите да престанат да се зголемуваат.
Првите разлабавувања на каматните стапки очекувам да се случат на почетокот на 2024, посебно во Европа заради фактот дека економиите веќе значајно забавуваат, а инфлаторните притисоци се послаби. Во некои земји, меѓу кои и Македонија, се забележува дефлација во месечните промени на цените. Дополнително, и цените во индустријата бележат дефлација“ велат од „Капитал ассет менаџмент“.
Европските финансиски аналитичари се согласуваат со овие размислувања и очекуваат 2024 да биде година на добар економски раст, односно пораст на економиите во државите за над 2%, додека инфлацијата се очекува да се стабилизира на над 3%, што е сепак далеку од предвидувањата на 2% кои се очекува да се остварат во 2025 година.
Тие сметаат дека првото олабавување на каматните стапки од централните банки може да се очекува на крајот од првиот или почетокот од вториот квартал. Секако и нивните прогнози се дека некои европски држави, а можеби и Европската централна банка (ЕЦБ) би се одлучила на чекор, порано да ги олабави каматните стапки, за минимално намалување.
Игор Мицкоски