Според хуманитарните организации, во четирите недели од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, 421 камион пристигнале во изолираното крајбрежно подрачје Газа, со итно потребна помош.
Палестинската Црвена полумесечина утринава соопшти дека за еден ден претходните 47 камиони со хуманитарна помош успеале да преминат од Египет на граничниот премин Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.
Во камионите имало храна, вода, хуманитарна помош, лекови и медицинска опрема, соопшти Црвената полумесечина.
Горивото сè уште не пристигнало. Според Обединетите нации, најмалку 100 камиони се потребни секој ден за да се обезбедат основните потреби на повеќе од 2 милиони луѓе во Појасот Газа.