Вчера (03.11.2023) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишиле од слобода Б.Н.(75) од с.Шурлинци, ресенско.
Кај него, во дворното место во с.Шурлинци е пронајдена поголема количина огревно дабово дрво, без жиг и испратница. Дрвната маса е одземена и предадена на Национални шуми Подружница Ресен, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.