Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен ја продолжи победничката серија која треа пет натпревари.
Избраниците на Луис Енрике синоќа го совладаа Монпелје со 3:0 во 11. коло од Лига 1. Претходно ПСЖ ги победи Рен, Стразбур, Милан и Брест.
На секој од овие натпревари парижаните постигнаа по три гола.
Во следниот натпревар ПСЖ повторно ќе се сретне со Милан во Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра на 7 ноември во Милано.