Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера го лишија од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој, како што информира МВР, се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”.
-Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило, соопшти МВР.
Според највите од МВР, по комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, „одземање на патничко моторно возило“.