Во Лондон 36 полицајци добија отказ затоа што користеле кокаин и трева

Полицијата на Лондон изгуби 36 полицајци зависници од дрога за помалку од три години, меѓу кои и еден кој користел гас за смеење, објави „Мирор“. За време на испрашувањето во февруари 2021 година на полицаецот Арон Смит, кој на инспекторот му кажал дека вдишувал азотен оксид и земал кокаин, тој рекол дека ќе бил отпуштен ако не заминел сам.

Меѓу 11-те полицајци од пошироката област на Лондон, кои се наредници или високи полицајци, беше и командантот Џулијан Бенет, кој беше сменет оваа недела откако одби да направи тест за дрога и покрај тоа што беше ослободен од обвинувањата за користење на марихуана дома.

Статистиката за периодот од јануари 2020 до ноември 2022 година го вклучува и случајот на полицаецот Вилијам Хољок, кој беше обвинет за поседување канабис и оружје за напад.

Бил фатен со трева, три палки и нож-пеперутка, поради што е изведен пред кривичниот суд. Исто така, уште двајца полицајци ја напуштиле работата откако паднале на допинг тест. Градската полиција додаде дека за време на случајното тестирање во 2023 година, седум од 968 тестови биле позитивни.

Треба да знаете
Последни објави