Катар тврди дека постојаното бомбардирање на Газа го отежнува посредувањето за ослободување на заложниците 

Катар тврди дека постојаното бомбардирање на Појасот Газа ги отежнува напорите за посредување за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Шефот на катарската дипломатија шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, на денешната средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, повика на итен прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Појасот Газа.

– Ал Тани ги потврди континуираните напори на државата Катар да посредува во ослободувањето на затворениците, посочувајќи дека континуираното бомбардирање ја удвојува хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и го отежнува нивното ослободување, се наведува во соопштението на катарското МНР.

Катар минатиот месец посредуваше во разговорите што резултираа со ослободување на две различни групи заложници. 

Треба да знаете
Последни објави