Демонстрантиte денеска пред домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим побара негова оставка.
Тие бараат оставка од Нетанјаху поради смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври врз Израел, при што загинаа 1.400 луѓе, од кои најголемиот број цивили.
По нападот Израел возврати и постојано напаѓа цели на Хамас во Појасот Газа.
Според палестинското Министерство за здравство досега во израелските напади загинале 9.488 луѓе, од кои 3.900 се деца.