Демонстрантите во Турција сакаа да влезат во воена база каде што се стационирани американски војници

Повеќе пропалестински демонстранти за време на денешниот протест се обидоа да влезат во воздухопловната база Инџирлик, на југоистокот на земјата, каде се сместени американските сили во Турција. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата, од која многумина вееја турски и палестински знамиња, пренесе Ројтерс.

Демонстрантите ги уриваа барикадите, се судрија со интервентната полиција и фрлаа пластични столчиња и камења кон полицијата. Булент Јилдирим, претседател на исламистичката турска хуманитарна организација, која ги организираше протестите им се обрати на насобраните луѓе во Адана и ги повика да се воздржат од напади врз полицијата.

„Пријатели, не е во ред да се фрлаат камења или да се прават слични работи затоа што и полицијата и војниците би сакале да одат во Газа и да се борат и ќе си заминат кога ќе дојде време“, пренесува Ројтерс. „Нашиот гнев е огромен. Не можеме да го задржиме. Но, Турција прави сѐ што може“, додаде тој. Митингот заврши порано од планираното поради судирите со полицијата.

Турција во саботата го отповика својот амбасадор од Израел, повикувајќи се на „одбивањето на израелските повици за прекин на огнот“ и на зголемениот број жртви во Газа, каде што повеќе од 9.700 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади, соопшти Министерството за здравство на Хамас.

Минатиот месец, Израел ги повлече своите дипломати од Турција, откако турскиот претседател Ердоган на пропалестинскиот протест го нарече Израел „окупатор“.

Треба да знаете
Последни објави