Миниистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го честиташе 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик.
„Одбележувајќи го 5 Ноември, кој во 2015 година од страна на УНЕСКО беше прогласен за Ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето за негувањето на ромскиот јазик како чувар на ромската традиција, фолклор и култура. На тој начин го јакнеме и збогатуваме нашето Едно општество за сите, бидејќи ромскиот јазик со сите свои специфики е нераскинлив дел од тој наш мултикултурен мозаик.
Токму овој ден укажува на тоа дека препознавањето на сите јазици како еднакви е висок цивилизациски чин, и истиот е дел од нашите напори да ги елиминираме сите форми на дискриминација.
Нека е за многу години 5 Ноември!“ стои во честитката на Спасовски.