Трајковски ја погоди противничката мрежа, Ристовски сопствената

Македонскитр фудбалски интернационалци во редовите на најславните хрватски тимови, повеќекратниот првак Динамо Загреб и лутиот ривал Хајдук од Сплит, Стефан Ристовски и Александар Трајковски се запишаа во листата на стрелците. Трајковски го постигна победничкиот гол за сплитските „бели“, а Ристовски ја погоди сопствената мрежа, но сепак на крајот „модрите“ го избегнаа пораз.

Актуелниот македонски репрезентативец Трајковски е творецот на победата за сплитски Хајдук против Рудеш постигнувајќи го единствениот гол на мечот за три бода на хрватскиот тим. Со погодок во второто полувреме македонскиот напаѓач донесе и тоа како важни бодови за Хајдук во трката за шампионската титула.

-Ваквите натпревари кои, наводно, секогаш однапред се добиени носат постојано дополнителен притисок. Противникот одлично се бранеше, но најважно е што успеавме да го скршиме нивниот отпор за важни три бода. Се надевам дека ќе ги има повеќе голови сезонава, вели Трајковски.

Продолжуваат очајните изданија на Динамо Загреб сезонава, и во денешното 14. коло од хрватската лига спасувајќи се од пораз со гол во 94. минута. „Модрите“ минаа низ уште еден катастрофален меч на гостувањето против Вараждин во кој имаа негатива од 1:0 се до последните секунди од средба, откако поранешниот македонски репрезентативен капитен Стефан Риствски во 54 минута ја погоди сопствената мрежа.

Кога се чинеше дека Вараждин, во чии редови настапија репрезентативците Агон Елези и Димитар Митровски, ќе дојде до трите бода, нешто слично како и во претходното коло Динамо Загреб со голот на Емрели во 94. минута дојде до конечни 1:1.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во тимот на Динамо во игра влезе во 59. минута од средбата.

Треба да знаете
Последни објави