Првиот светски тениски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ триумфираше по седмипат на Мастерсот во Париз. Во денешното финале Ѓоковиќ го победи Григор Димитров од Бугарија со 2:0 (6:4, 6:3).
За Србинот завршниот финален натпреавр во „градот на светлината“ беше мнпогу порелаксиран, отколку три меча во кои многу се мачеше и мораше да игра по три сета за да ги совлада Рубљов, Руне и Грикспор и да стаса до завршницата. Ноле работата ја заврши за помалку од 100 минути, а на Димитров не му дозволи да направи ниедна брејк топка.
Во првиот сет, клучен беше седмиот гем кој Ѓоковиќ го доби на сервис на Димитров за водство од 4:3. Откако веќе го скрши отпорот на противникот, во вториот сет освои два брејка, еден во петтиот и еден во последниот, деветти гем за победа и седма титула на Мастерсот во Париз.
За Ѓоковиќ ова е 40. Мастерс трофеј и вкупно 97. титула во кариерата, која најверојатно ќе го остави на чело на АТП листата до крајот на годината, а со тоа ќе ја надмине бројката од 400 недели на врвот. На утрешната ранг-листа, разликата меѓу него и Алкараз ќе биде 1.490 бода, а завршниот Мастерс кој почнува кон крајот на неделава носи 1.500 бода.