Битиќи: Да го чуваме и негуваме ромскиот јазик

Денеска го чествуваме Меѓународниот ден на ромскиот јазик и како држава го даваме нашиот придонес во име на солидарноста со Ромите кои се неразеделен дел од нашиот мултикултурен општествен идентитет.

Меѓусебното прифаќање претставува потсетник дека само заедно сме свесни за потребите на другиот до нас и дека секогаш можеме да направиме повеќе за да ги доближиме и да ги чуваме вредностите на другите како влог за нашата заедничка иднина.

Владата на Република Северна Македонија континуирано промовира политики кои што го потикнуваат културното поврзување меѓу различните етнички заедници и народи.

Можноста да се учи, твори и напредува на својот мајчин јазик е европска вредност.
Да го чуваме и негуваме ромскиот јазик.

Честит 5 ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик.

Bahtalo o 5-to Novembro,maskarthemutno dive tari Romani chib, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави