(Видео) Артета: Срамота е таков погодок да биде признат, се чувствувам засрамен

Арсенал го доживеа првиот пораз оваа сезона во англиската фудбалска Премиер лига на гостувањето на “Ст. Џејмс парк“ од Њукасл (1:0). Победничкиот гол на Њукасл ги разбранува духовите, а посебно во редовите на „топчиите“.

Многумина сметаат дека голот е нерегуларен, бидејќи прво топката го напуштила теренот, а потоа имало и недозволена офсајд позиција. Сето ова судиите од ВАР собата не го регистрираа, па голот кој го постигна Гордон го признаа.

Својот гнев по поразот не го криеше и тренерот на Арсенал, Микел Артета.

– Како може ова да биде регуларен гол? Срамота е таков погодок да биде признат од повеќе причини. 20 години сум во оваа земја, а сега се чувствувам засрамен. Се обидуваме да направиме големи работи и секој викенд да бидеме на највисоко можно ниво. Ова едноставно не беше гол. За да биде голот регуларен, мора да му петходат работи кои се дозволени во фудбалот – изјави Артета.

Треба да знаете
Последни објави