Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека просечната плата во земјата наскоро ќе биде 1.400 евра.
Вучиќ рекол дека мисли оти Србија заостанува зад Хрватска 20-30 години, но реалноста е поинаква, односно денес таа разлика изнесува 4-5 години.
-Просечната плата во Србија ќе биде 1.400 евра. Ние имавме вкупна ведност од 32 милијарди во 2012 годна. Се она што се произведува во Србија, чевли, железо, кифли, вредеше тогаш 32 милијарди. Денес, во декември ќе биде 69 милијари евра. Тоа се огромни чекори напред. Кога расте стапката на добрата, тогаш може да ги зголемите платите и пензиите, изјави Вучиќ.