Интегрален текст од соопштение на политичката партија СДСМ:
ДПМНЕ по 2 години локална власт во над 40 општини ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата добиена од граѓаните на локалните избори.
По две години нема проекти, нема резултати, нема напредок.
Но, има безброј нереализирани изборни ветувања од изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.
Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги.
Локалната власт на ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски стана симбол за неспособност, партизација и хаос, непродуктивни трошења и задолжувања на општините.
ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните.