Актуелниот шампион Струга триумфираше над Шкендија со 2-1 во еден од двата натпревари со кои попладнево беше комплетирано 13. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во дуелот меѓу скопските ривали, Шкупи го совлада Вардар со 2-0 и ја задржа лидерската позиција на табелата.
ПМФЛ: 13 коло
Брегалница – Македонија ЃП 2-3
Работнички Силекс 1-0
Тиквеш – Гостивар 2-2
Воска – Брера 1-1
Струга – Шкендија 2-1
Шкупи – Вардар 2-0
Табела: Шкупи 28, Струга 27, Шкендија 25, Силекс 20, Брера Струмица 16, Тиквеш 16, Работнички 16, Македонија ЃП 15, Гостивар 15, Брегалница 14, Воска 13, Вардар 11.