Флуминенсе за првпат освои титула во Копа Либертадорес

разилскиот фудбалски клуб Флуминенсе, првпат во својата долга историја, го освои трофејот во Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на европската Лига на шампиони.

Во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Женеиро, популарните „триколори“ го совладаа синоќа аргентинскиот гигант Бока Јуниорс по продолженија со 2-1.

Бразилскиот тим поведе во 36 минута со голот на Аргентинецот Герман Кано, а Бока израмни преку Луис Адвинкула во 72 минута.

Во деветтата минута од продолженијата, финалето го одлучи Џон Кенеди, кој натпреварот го почна од клупата за резерви, а при прославувањето на голот доби втор жолт картон.

Треба да знаете
Последни објави