Димитриевски правеше чуда на голот на Рајо против славниот Реал Мадрид

Македонскиот фудбалски репрезентативен чувар на мрежата на голот на Рајо Валјекано, Столе Димитриевски вечерва во голем стил ги запре играчите на славниот Реал Мадрид да ја затресат мрежата во градското дерби (0:0) во 12. коло од шпанската Ла Лига. За добрите интервенции на крајот од мечот Димитриевски беше прогласен за играч на натпреварот.

Димитриевски ја имаше првата посериозна интервенција на натпреварот во петтата минута кога Федерико Валверде излезе еден на еден со него и не успеа да го матира. „Кралевите“ се обидуваа да го пронајдат патот до мрежата на Димитриевски и во продолжение од натпреварот, а македонскиот голман уште еднаш се покажа во 39. минута кога одбрани одличен удар од Хоселу.

Рајо издржа до крајот на натпреварот, иако немаше шанси за да го совлада Кепа и да направи изненадување, па мораше да се задоволи само со бод.

Реал Мадрид со денешното реми останува на втората позиција и има 29 бодови, односно два помалку од лидерот Жирона, додека Рајо Валјекано е деветти со 18 бода.

Треба да знаете
Последни објави