Мигрантите од Конго ја напуштија зградата на поранешната Македонска амбасада во Брисел  

есетиците мигранти по потекло од Конго кои кон средината на минатиот месец ги запоседнаа просториите каде порано беше сместена Македонската амбасада во Брисел, доброволно го напуштија објектот, потврдија за МИА од дипломатското претставништво на земјава во Белгија. 

Напуштањето на објектот од страна на мигрантите беше организирано во соработка и координација со белгиското Министерство за надворешни работи и градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, при што конструктивна и коректна улога имала и бриселската полиција.  

Станува збор за објект во кој во минатото била сместена Амбасадата на поранешна СФР Југославија во Брисел, а кој согласно Договорот за сукцесија на имотот на некогашната заедничка држава постигнат меѓу земјите наследнички, им припадна на Северна Македонија и Хрватска.  

Мигрантите ја „окупираа“ зградата со помош на активисти на здружението Колектив на волонтери за интеграција на лицата без регулиран престој во Брисел (ЦСПБИБ), кои работат на сместување на лицата чии статус не е правно регулиран во Белгија. 

Претставник на Здружението за белгиската агенција Белга изјави дека биле принудени да го напуштат објектот на поранешната амбасада откако добиле закана за „принудно иселување од страна на сопствениците на зградата, владите на Северна Македонија и Хрватска“. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, по напуштањето на објектот на поранешната амбасада, околу 90 мигранти во организација на ЦСПБИБ упаднале во напуштена зграда во бриселската општина Моленбек-Сен Жан. Ова е трета „окупација“ оваа група мигранти во Брисел, по зградата на поранешната амбасада, во која се вселија откако беа принудени да напуштат објект на поранешен хотел во бриселското централно градско подрачје на авенијата Луиз

Треба да знаете
Последни објави