Пелистер заслужено од Скопје си заминува со триумф против Феникс (73:80) во 6. коло од прволигашката конкуренција во мак-баскетот. Ова е четвртата победа сезонава за тимот од Битола.
Во натпревар со осцлации на крајот „пелистерци“ дојдоа до победата која ја осигураа со квалитетната одбрана во последната четвртина.
Најдобри кај Пелистер беа Маслинко со 16 поени и 7 скока, Мијовиќ заврши со 17 поени, а Планиниќ имаше „дабл-дабл“ ефект од 15 поени и 11 скока. Кај домашните Метјус заврши со 20 поени, а Рис постигна 19 поени.
Битолчани сега се на делба на четвртата позиција на табелата со четири победи и два порази, колку што има и Еуро Никел, а веднаш зад водечката тројка – МЗТ Скопје, Чаир и ТФТ Скопје.