Синдикатот на културата го поздрави потегот со кој од октомвриската плата директорите во институциите од кулутрата ќе добијат покачување за 40 до 50 отсто.
Но, сега од синдикатот бараат од директорите покомпентна организација на работниот процес во своите институции, борба за посдржајна програма и повеќе проекти, финансирани од државата, но и од европските и меѓународните фондови.
Според синдикатот директорите треба да ги ангажираат сите вработени во работниот процес, да обезбедаат соодветни услови за работа во институциите, но и да се заложат за правата и потребите на своите вработени.
Октомвриските плати на директорите ќе бидат за 40 до 50 отсто повисоки, како резултат на колективниот договор во кулутрата, кој според синдикатот беше оценет како еден од најдобрите во регионот.