(Видео) Спортски времеплов – Денот кога МЗТ го порази големиот Реал Мадрид во Скопје

Македонската клупска кошарка на денешен ден пред 27 години го доживеа можеби најголемиот успех.

Во преполната сала „Јане Сандански“, или тогаш популарно позната како „лименка“ на 6 ноември 1996 година, МЗТ Скопје го совлада големиот кошаркарски гигант и тогашен шесткратен европски првак, Реал Мадрид, со 69-68, во рамки на тогашниот „Еврокуп“ на ФИБА. 

Аеродромци пред својата публика, пред повеќе од 1.500 гледачи одиграа историски меч кој го одбележа кошаркарот на домашната екипа Перо Блажевски, а тимот предводен од големиот Жељко Обрадовиќ, од Скопје си замина со спуштена глава.

Во видеото подолу потстете се на возбудливата завршница на мечот.

Треба да знаете
Последни објави