Кина ќе направи сè што може за да го врати мирот на палестинските територии

Кина, која го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, ќе направи сè што може за да го врати мирот на палестинските територии, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи, додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат.

„Кина ќе направи сè за да го охрабри Советот за безбедност да ги исполни своите одговорности, да ја игра својата улога, да изгради консензус и да преземе одговорни и значајни активности што е можно побргу за да се олесни актуелната криза, да се гарантира безбедноста на цивилите и да се врати мирот“, изјави портпаролот на Министерството, Ванг Венбин, на редовна прес-конференција.

Изјавата на Кина доаѓа откога Израел ја засили својата воена офанзива против палестинската исламистичка група Хамас. Кина минатата недела го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на Обединетите нации.

Конфликтот на Блискиот Исток е на врвот на агендата на Советот за безбедност во ноември, изјави Џанг Јун, постојан претставник на Кина во ОН, пренесуваат државните медиуми.

„Императив е да се промовира прекин на огнот и да се запрат борбите, да се спречат дополнителни цивилни жртви, да се спречи хуманитарна катастрофа од поголеми размери и да се спречи ширењето на конфликтот“, рече Џанг, пренесе „Чајна дејли“.

Специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток, Џаи Јун, штотуку ја заврши турнејата во регионот. Жаи, кој поради кризата се сретна со лидерите на неколку земји, причината за кризата меѓу Израел и Газа ја припиша на немањето гаранции за правата на Палестинците.

Треба да знаете
Последни објави