Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека бројот на камиони со помош што влегле во Газа од 21 октомври достигнал 476 – или околу 30 камиони дневно. Во објава на платформата Х (Твитер) се наведува дека во неделата влегле 25 камиони.
Како што пренесува Ал Џезира, пред почетокот на војната дневно во Газа влегувале меѓу 750 и 850 камиони.
Околу 500 од нив дојдоа преку преминот Рафа, додека останатите беа обични, комерцијални камиони кои користеле други премини контролирани од Израел.