ОН: Во Газа на секои 10 минути се убива по едно дете, а две се повредени

Во војната меѓу Израел и Хамас на секои 10 минути во просек се убива по едно дете, а две деца се повредени, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева, повикувајќи се на податоци на агенцијата за палестински бегалци (УНРВА).

– Децата не смеат да бидат цел, се вели во објавата на ОН на X.

ОН вчера соопштија дека речиси 4.000 деца загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври и предупреди дека ситуацијата за децата во областа е катастрофална.

Треба да знаете
Последни објави