УЕФА: Без навивачи на натпреварот меѓу Бугарија и Унгарија поради можни инциденти

Фудбалските репрезентации на Бугарија и Унгарија својот меѓусебен натпревар во рамки на квалификациите за ЕУРО2024 ќе го одиграат пред празни трибини, соопшти вечерва УЕФА.

Одлуката на раководното тело на европскиот фудбал доаѓа на барање на бугарските власти поради стравување дека може да се случат навивачки инциденти.

Првично таков заеднички договор беше постигнат меѓу фудбалските федерации на Бугарија и Унгарија поради информации до кои дошле двете страни, а кои укажувале на можен навивачки судир.

Бугарија ја пречекува Унгарија во рамки на квалификациската група Г на 16 ноември, а натпреварот место во Софија, како што беше најавено, ќе се игра во Пловдив.

Треба да знаете
Последни објави