Англиската фудбалската федерација (ФА) нема да го казни фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, кој на вчерашниот натпревар во Премиер лигата ја покажа маичката под дресот на која беше испишана порака колумбиските киднапери да го ослободат неговиот татко.
Дијаз, кој на премиерлигашкиот дуел против Лутон (1-1) го постигна израмнувачкиот гол во судиското продолжение, под дресот носеше маичка на која беше испишана порака „Слобода за тато“ (Libertdad Para Papa).
Родителите на Дијаз на крајот на минатиот месец ги киднапираа вооружени членови на бунтовничката Национална ослободителна армија (ЕЛН) во мало гратче на северот на Колумбија на границата со Венецуела.
Колумбиската полиција успеа неколку часа подоцна да ја ослободи мајката на Дијаз, Сиренис Маруланда, но неговиот татко сè уште е во заложништво на киднаперите