Владата во септември донесе одлука и избра изведувач за градба на хидроцентарлата Чебрен. Грчката компанија ППЦ Архиродон ќе ја гради оваа хидроцентрала која ќе биде спас за македонскиот енергетски систем по досегашните 13 неуспешни тендери.
Проектот за изградба на централата Чебрен е уште од 1966 година, а нејзиниот капацитет ќе биде околу 333 киловат часови. Досега сите Влади се обиделе на еден или на друг начин да го започнат проектот за изградба на Чебрен, но тоа завршувало со неуспешен тендер.
Енергетската криза покажа дека изминатите 30 години не се инвестирало во енергетскиот систем, поради што земјата беше ранлива од ефектите на кризата и нејзината зависност од електрична енергија произведена од јаглен. Сега, изградбата на централата Чебрен, која е инвестиција од една милијарда евра и ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, земјава конечно го прави првиот чекор кон заменување на јагленот со обновливи извори на енергија.
Државното претпријатие ЕСМ ќе има удел од 33 отсто во централата Чебрен, за чија изградба во изминатите 20 години пропаднаа дури 13 тендери. Со изградбата на Чебрен освен што се зголемува енергетската независност на земјава се прави и сериозен чекор кон заштита на животната средина и обезбедувањето стабилен енрегетски систем се помалку зависен од јаглен.
Централата Чебрен не е единствениот проект и инвестиција во енергетскиот сектор на оваа Влада. Со олеснувањата за инвестициите во соларни централи, но и најавите големи проект за фотоволтаични централи и ветерници, од јануари 2022 година се инсталирани фотоволтаици со капацитет од 420 мегавати, што се очекува да порасне до 600 до крајот на годината.
„Се проценува дека работењето на ХЕЦ Чебрен годишно ќе генерира 1044 GWh, за што, ако се генерира од фосилни горива, ќе бидат потребни 380.000 тони јаглен. Со оглед на тоа дека согорувањето на еден тон јаглен произведува 1,8 тони јаглерод диоксид, генерирањето на 1044 GWh со проектот ќе заштеди 680.000 тони јаглерод диоксид годишно“, се наведува во физибилити студијата за влијанието на ХЕЦ Чебрен врз човековата средина.
Избраниот понудувач има обврска во рок од три месеци да склучи договор за заедничко вложување и да основа акционерско друштво со АД ЕСМ, во кое АД ЕСМ ќе учествува со 33 % од акционерскиот капитал.Проценететата вредност на инвестицијата е околу една милијарда евра.
И кога тендерот конечно успеа дел македонските експерти со критики, но што велеа претходно
Дел од македонските инженери-енергетичари контра владината одлука. Ја повикуваат Владата да ја преиспита и потоа да ја повлече одлуката за доделување на концесија за користење на водата на Црна Река за производство на електрична енергија на грчкиот ППЦ-Архиродон. Таквата одлука ја сметаат за злосторство од коешто, како што наведуваат, „последиците ќе ги трпат сите македонските граѓани и поколенијата“.
– Кадарни сме сè што е капитално да го даваме на странци да го работат, од него да ќаруваат и од тоа ние да зависиме. Таква ќе биде приказната и со хидроцентралата „Чебрен“, која заминува во грчки раце на повеќедецениска концесија – беше нагласено на панел-дискусијата која се одржа пред неколку дена во Стопанската комора на Македонија која беше организирана дискусија токму на оваа тема.
Главен противник на изградбата на „Чебрен“ е енергетскиот експерт Константин Димитров од МАЦЕФ кој во изјава за Градска.мк смета дека македонската држава може сама да изгради ваков енергетски проект.
Но сепак досега Димитров немал проблем со досегашните постапки во неуспешните тендери бидејќи и никогаш не дал забелешка на Јавното-прибватно партнерство за градење на хидрокапацитети на Црна Река, напротив во една своја изјава дури и вели дека се надева дека тендерот во 2017 година ќе успее бидејќи имало учесник добра компанија од Кина.
За потсетување тогаш директор на „ЕЛЕМ“ беше Христијан Мицкоски кој исто така најавуваше дека има 14 заинтересирани компании од различни странски земји Кина, Турција, Грција, Русија, Канада.
Градска.мк го побара Димитров да го појасни својот став зошто во 2017 година немал проблем сгтрански компании да го градат Чебрен, а сега е жесток критичар на оваа одлука, тој рече дека тогаш биле поинкави условите и околностите, а сега се други.
– Јас не сум против хидроцентралата „Чебрен“ ниту тогаш ниту сега. Различно време беше тогаш и немав проблем странски компании да ја градат хидроцентралата, сега сметам дека Македонија сама треба да ја изгради, додаде тој и го прекирна разговорот велејќи дека не може понатаму да зборува има друг повик.
Зошто молчеа енергетичарите на тендерите на Груевски и Мицкоски?
Сомнежот за критиките на проектот „Чебрен“ започнаа уште кога лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски прв се јави со изјава дека , но за потсетување и тој и неговиот претходник го спроведуваат тендерот под исти услови години наназад.
Во изминатите низ лавиринтот наречен тендерски постапки за изградба на хидроцентралите на Црна река – Чебрен и Галиште се појавија многу странски инвеститори. Некои од нив поревносни во идејата да станат и инвеститори, некои помалку. Но, најверојатно ниту еден од нив во ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште не препозна профитабилен проект.
Всушност владата на Груевски, каде советник беше и Мицкоски го ревидираше проектот за да се бара инвестотор само за ХЕЦ Чебрен, а не и за „Галиште“. Отстапки беа направени и во уделот кој државата, преку ЕЛЕМ, ќе го има во партнерската фирма со инвеститорот, по кој и ќе се дели профитот. Од инвеститотот се бараше да понуди не помалаку од 33% удел на ЕЛЕМ во заедничката фирма со потенцијалниот инвеститор, а секако на користење и тогаш му се даваше ХЕЦ „Тиквеш“. Кога пред шест години Владата го поништи тендерот за Чебрен , многумина беа разочарани, а особено се коментираше за време на енергетската криза што ни побегнал возот и не се договоривме со стратешки инвеститори,
Дали јавното приватно партнерство е распродавање на капацитетите?
Александар Дединец од МАНУ истакна дека цената на струјата ги уништи инвестициите не само во земјава, туку во целиот регион поради што државите не може да вложуваат во енергетски капацитети. Сега, како што кажа, ни се ближи и јаглеродниот данок, кој и онака индиректно го плаќаме.
Тој порача дека за реализација на целите од Стратегијата за енергетика државата треба да вложи 20 милијарди евра, кои ги нема и додаде дека токму затоа треба да се реализираат енергетски капацитети по принципот на јавно приватно партнерство како што се прави со ПАХЕЦ „Чебрен“, кој е неопходен за балансирање на системот поради зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори.
– Со „Чебрен“ можеме да ги задоволиме капацитетите до 2040 година и само еден час во текот на деноноќието да ни биде критичен и да ни треба дополнително балансирање на системот. Без „Чебрен“ драстично се зголемува бројот на часови во кои ни е потребно балансирање – рече Дединец.
Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов, рече дека со оваа одлука се овозможувала реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Македонија, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра.
– За изградба на „Чебрен“ и „Галиште“ се спроведени 13 неуспешни тендери, а од 1992 година се бара приватен странски инвеститор за нивна изградба. И на првиот објавен тендер во 2006 година се бараше странски инвеститор за реализација. ЕСМ досега ниту еднаш не изработила студија за „Чебрен“ туку се јавува како нарачател на студиите што ги изработуваат реномирани светски компании – рече Андонов.
Последниот тендер, кој е успешен е започнат во 2020 година, и во него се предвидува Чебрен да се гради по пат на јавно приватно партнерство во која ЕСМ ќе има удел од 33, отсто, а грчката ППЦ и „Архиродрон“ од 67 отсто и да чини една милијарда евра врз основа на цените на материјалите во 2022 година кога, како што рече, се бележи најголем скок на цените на металите поради војната во Украина. Сега, додаде, цените се паднати и изградбата може да чини и помалку.
Извор: Градска.мк