Јордан од воздух спушти итна медицинска помош во Газа

Јорданскиот крал Абдула денеска на „Х“ објави дека воздухопловните сили спуштиле итна медицинска помош на јорданската теренска болница во Газа на полноќ, пренесоа британските медиуми.

Министерот за здравство на владата на Палестинската управа, со седиште на Западниот Брег, предупреди синоќа во куса изјава дека здравствената состојба во Појасот Газа е „катастрофална“, објавија палестинските медиуми. 

Министерот цврсто изјави дека израелските тврдења за болниците во Газа имаат само за цел да обезбедат изговори за нанесување удари врз нив.

Потребни се теренски болници за да помогнат во справувањето со значителниот број ранети во Појасот Газа. Меѓународната заедница и хуманитарните организации треба да интервенираат за да се отвори граничниот премин Рафа и да се дозволи испорака на медицинска помош и гориво до болниците во Појасот.

Треба да знаете
Последни објави