Баер треба да плати отштета од 332 милиони долари на човек од Калифорнија поради обнинение дека производот против плевел му предизвикал рак

Поротата ѝ наложи на фармацевтската компанија Баер да плати отштета од 332 милиони долари на човек кој вели дека производот „Раундап“ на компанијата му предизвикал рак.

Според ABC News, на Мајкл Денис (57) роден во Карлсбад, Калифорнија, му била дијагностицирана ретка форма на не-Хочкин лимфом во 2020 година и моментално е во ремисија.

Во вторникот, поротата на Врховниот суд во Сан Диего утврди дека активната состојка на производот за уништување на плевелите, глифосат, е поврзана со ракот.

Портпаролот на Баер изјави дека пресудата вклучува компензаторна штета од 7 милиони долари, а останатите 325 милиони долари е казнена отштета.

„Ние не се согласуваме со пресудата на поротата и веруваме дека имаме силни аргументи во жалбата за да се укине оваа неоснована пресуда и да се елиминира или намали преголемата отштета, имајќи предвид дека имаше значителни и реверзибилни правни и доказни грешки направени за време на ова судење. Имаме победнички досие во судските спорови за „Раундап“ – откако победивме во девет од последните дванаесет случаи на “,изјавија од Баер.

Не-Хочкиновиот лимфом е рак кој започнува во белите крвни зрнца наречени лимфоцити, кои се дел од имунолошкиот систем на телото.

Само во 2020 година, компанијата подмирила до 10,9 милијарди долари побарувања поврзани со Roundup и има да плати уште речиси 40.000.

Во 2018 година, на Девејн Џонсон, поранешен чувар на теренот во Калифорнија, му беше доделена отштета од 289 милиони долари (подоцна намалена на 21,5 милиони долари) откако поротата одлучи дека производот на Баер е причината поради која развил не-Хочкин лимфом.

Меѓународната агенција за истражување на ракот на Светската здравствена организација во 2015 година изјави дека глифосатот е „веројатно канцероген за луѓето“.

Треба да знаете
Последни објави