Меѓународна конференција во МАНУ за улогата на историските личности

Меѓународна конференција за улогата на историските личности во историјата и во колективната меморија денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.

Конференцијата во организација на Институтот за национална историја е по повод 145 години од раѓањето на Димитрија Чуповски и пет години од смртта на академик Блаже Ристовски.

Одбележувањето на годишнината ќе биде збогатено со промоција на публикациите „Духовната и материјалната култура низ процеси и личности од Македонија (XVIII – XX век)“ и „Раскажувачи, собирачи и истражувачи“. 

Треба да знаете
Последни објави