Повторно хаос во албанскиот парламент: Пратеници влегле во салата низ прозорец

По судирот со обезбедувањето на главниот влез, пратеници влегле во косовскиот Парламент низ прозорец.

Нивните колеги кои биле внатре ги отвориле прозорците, а тие користејќи столчиња успеале да влезат во Собранието.

Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот биле исклучени од работата на собранието на 10 дена.

Единствени кои не успеале да влезат во собранието се Газменд Барди и Албана Вокши, кои чуварите во последен момент ги спречиле да влезат низ прозорците.

Треба да знаете
Последни објави