Украина почна со сериско производство на дрон аналоген на иранскиот „Шахед“

Украина почна масовно производство на беспилотното летало слично на иранскиот дрон „Шахед“, што може да лета 1.000 километри, изјави генералниот директор на украинската фабрика за одбранбена индустрија Укроборонпром, Герман Сметанин.

-Направен е. Поточно, во соработка со странски партнери. Нема да кажам каде точно, од безбедносни причини. Најважно е да летаат и да експлодираат, рече Сметанин во интервју за украинска „Економска правда“.

Според него, се произведуваат аналогни дронови на „Шахед“, но и посилни модели, бидејќи, како што наведе, дроновите од типот „Шахед“ не летаат толку далеку.

-Сега сме фокусирани на создавање посложени и поскапи модели со високи перформанси, нагласи Сметанин.

Украина и Русија користат голем број беспилотни летала во војната што почна со рускиот напад врз Украина на 24 февруари минатата година. 

Треба да знаете
Последни објави