За митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, уставните измени и внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот се проблем, но држењето панихиди за бугарските војници очигледно не се никаков проблем.
Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар служеше панахида за бугарски херои кои го дале својот живот во Првата светска војна, заедно со бугарскиот митрополит Кипријан, кој е познат негатор на Охридската Архиепископија.
Владиката Петар панахидата ја служеше во црквата Светеи Ѓорѓи во селото Цапари во чест на бугарските херои, а покрај него службата ја изведуваше и Кипријан кој во јавноста е познат по неговите изјави и гласното тврдење дека Охридската архиепископија е бугарска, а не македонска. Тој исто така беше најгласен во носењето на одлуката на БПЦ да не присуствува на свеченоста за одбележување на 1.000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија во 2018 година.
На панахидата која ја предводеше владиката Петар присуствуваа бројни членови на Здружението на Бугарите “Ванчо Михајлов” од Бугарија кои се познати со контроверзни изјави и негирање на македонскиот народ и јазик, како и бројна бугарска делегација.