Претседателот на Иран Ебрахим Раиси следната недела ќе ја посети Саудиска Арабија, каде ќе учествува на Самитот на Организацијата за исламска соработка, објави иранскиот сајт Етемад.
ОИК е организација од 57 земји-членки која себеси се нарекува „колективен глас на муслиманскиот свет“.
Во текот на изминатата година, Иран и Саудиска Арабија повторно ги воспоставија односите по долгогодишно непријателство што ја загрозуваше регионалната стабилност во Заливот, како и во Јемен, Сирија и Либан.
Саудиска Арабија ги прекина односите со Иран во 2016 година, откако демонстранти ја нападнаа нејзината амбасада во Техеран како одмазда за егзекуцијата на истакнат шиитски свештеник во Саудиска Арабија.