По судирот со обезбедувањето на главниот влез, пратеници влегле во косовскиот Парламент низ прозорец.
Нивните колеги кои биле внатре ги отвориле прозорците, а тие користејќи столчиња успеале да влезат во Собранието.
Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот биле исклучени од работата на собранието на 10 дена.
Единствени кои не успеале да влезат во собранието се Газменд Барди и Албана Вокши, кои чуварите во последен момент ги спречиле да влезат низ прозорците.