Поднесено барање за зголемување на казните за напад на полицаец

Денес до сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија Синдикат на полиција во Македонија СПМ достави предлог за измени на членовите 382 и 383 од Кривичниот Законик и тоа кривичните дела “Спречување и напад на овластено службено лице”

Со предложените законски измени на Кривичниот законик бараме да се исправи неправдата која со години наназад им е нанесена на полициските службеници. Во изминативе две-три години полицискиот службеник секојдневно е мета на напади, кои резултираат со чести напади (Пукање во полицаец, нападнати сообраќајни патроли, спречувања при вршење на службени задачи од страна на поединци и слично) а често сето ова откако ќе се проследи до надлежното Јавно обвинителство, најчесто напаѓачите завршуваат ослободувани или со парични казни, согласно важечките прописи од постојниот Кривичен Законик. Со овие постојни решенија, полицискиот службеник се повеќе се одвраќа при вршење на полициските работи знаејќи предвреме дека „не вреди” за да на крај сторителот биде ослободен со минимална парична казна.

Со предложените измени од постојниот Кривичен законик односно членовите 382 и 383 односно замена на парична казна со минимум три години затвор ќе се допринесе за поголема казнивост на сторителите, поголема заштита на Полицискиот службеник со што ќе му се влее самодовербата и мотивираност за квалитетно вршење на полициските работи односно постојната казна предвидена како парична, ќе му биде заменета со казна затвор од минимум три години  односно предлагаме и други поголеми и построги казни.

Треба да знаете
Последни објави