Интегрален текст од соопштение за јавност на политичката партија СДСМ:
Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за Онкологија ќе има.
После 20 години, гласини и индиции за прв пат во време на СДСМ, институции влегоа и направија акција за расчистување.
Постојаното изнесување невистини од страна на Мицкоски и ДПМНЕ ја поткопува и загрозува истрагата за Онкологија.
Според срамното однесување на Мицкоски прашање е дали неговата единствена цел е да ја попречи правдата и да заштити некој од инволвираните во случајот, блиски до ДПМНЕ?