Се намалуваат цените на горивата

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени на 30.10.2023 година. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,00 ден/лит., соопшти Регулаторната комисја за енергетика и водни услуги, РКЕ.

Исто така, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на претходната одлука на РКЕ, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,00 ден/лит.

Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,290 ден/кг, и ќе чини 46,001 ден/кг.

Треба да знаете
Последни објави