Музејот на борците на ОВК, отворен во Сопот е на приватен имот, а картата на голема Албанија поставена внатре е задоцнета 145 години, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.
-Ако добро пресметав утрово, ставање на таква карта е задоцнето 145 години. Ако по нешто може да се препознае какви биле односите на Балканот пред 145 години, тоа се таквите карти коишто ги има секоја држава на Балканот. Се работи за приватен имот. Ако се работи за општествен дозвола треба да даде општината. Општина Куманово нема информации за истото. Сметам дека она што го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. По 2001 и по влегувањето во НАТО, во нашата држава имаме други мапи коишто се релевантни. Тоа е мапата на државите членки на НАТО и мапата којашто се надевам ќе ја имаме сите од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа, рече Ковачевски.