Антисемитски натписи во Белград

Ноќта меѓу 6 и 7 ноември, непознати сторители напишале повеќе антисемитски пораки пред просториите на невладината организација Хавер во Белград. Полицијата извршила увид и трага по сторителите.

Хавер Србија е образовна организација на граѓанското општество, која промовира разновидно и инклузивно општество во Србија. Преку својата работа, организацијата се залага за борба против предрасудите, дискриминацијата, антисемитизмот и ксенофобијата. Го поттикнува меѓукултурниот дијалог и развива вештини кај поединците за создавање инклузивна средина.

Главниот фокус на организацијата е да го запознае општеството со културата, историјата и традицијата на еврејскиот народ како чекор во борбата против предрасудите, антисемитизмот и дискриминацијата. Работата на организацијата е насочена и кон зајакнување на свеста за другите малцинства и маргинализираните групи.

Треба да знаете
Последни објави